Запознај ги нашите студенти на Oбуката за 3D моделирање и анимација и на Обуката за Визуелни ефекти за филм
КАТЕРИНА КОЛЧАКОВСКА, 22 години, Скопје – Учесник на Обуката за Визуелни ефекти за филм
Дипломирана на Факултет за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ, Скопје

Катерина Колчаковска, пред својот лаптоп со една од нејзините визуелизации
Коментар за Катерина Колчаковска од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Таа е позитивна личност, со одлични комуникациски способности, отворена за нови искуства. Има високи когнитивни способности, посветеност на обуката, емотивна стабилност и самоконтрола со што има одличен потенцијал да стане и сениор артист во иднина.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
Од секогаш бев импресионирана од визуелните ефекти.
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Талентот за цртање и уметност дополнително ми оди во прилог и од кога знам за себе цртам и многу сакам компјутерски игри (лани земав 3та награда на A1 Game Fest во играта Hearthstone). Цртањето, креативноста, гејмерството и компјутерите ми се во крвта.
Немав никакво предзнаење за програмите кои ги изучувавме на курсот, но имам доста добра основа во поглед на уметничкиот дел. Во јуни 2020, дипломирав на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје и станав Дипломиран инженер Архитект со највисоко звање “Magna cum Laude”.
Во текот на студирањето користев повеќе компјутерски програми за дизајнирање, цртање и архитектонско проектирање и многу сум благодарна на мојот професор Др. Владимир Десков и Др. Мишко Ралев кој уште повеќе ја зголемија желбата да ја насочам мојата кариера кон компјутерскиот дизајн и да се запишам на оваа Обука.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Презадоволна сум од курсот. Ги надмина моите очекувања. Најголем впечаток ми оставија обучувачите со нивниот пристап и целата атмосфера на курсот.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
ИВИЦА ЃОРЃЕВСКИ, 27 години, Скопје – Учесник на Обуката за 3D Моделирање и Анимација
СУГС Гимназија “Никола Карев”, Скопје

Ивица Ѓорѓевски, при изработка на вежба со 3D модел
Коментар за Ивица од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Креативен е, упорен и мотивиран да го даде најдоброто од себе. Верува дека доколку човек сака може сè да научи.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Со моделирање започнав да се занимавам еден до два месеци пред да дознаам за Обуката за 3D моделирање и анимација.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Менторите се врвни професионалци со преку 10 години искуство во областа, па токму тие и нивната посветеност ми оставија најголем впечаток.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
По завршување на обуката очекувам што поскоро да добијам шанса и да работам за компанија како Fx3x.
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
АЛЕКСАНДРА СТОЈАНОВСКА, 21 години, Прилеп – Учесник на Обуката за Визуелни ефекти за филм
Студент на ФЕИТ (Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија), Скопје

Александра Стојановска, во просториите на Fx3x за време на Обуката за Визуелни ефекти за филм
Коментар за Александра од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Александра ја мотивираат нови предизвици и пријателска работна атмосфера, и има капацитет да стане одличен визуелен артист и успешен тим лидер.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
Она што ме мотивираше да ја пополнам апликацијата за учество беше желбата да знам како се одвиваат процесите позади големиот екран и желбата да ги проширам и подобрам моите дигитални вештини за обработка на видео материјали.
Како љубител на филмската уметност, сакав да бидам дел од процесот на креирање на истата и ова е шанса што не сакам да ја пропуштам.
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Го сакам светот на визуелните ефекти во филм бидејќи сѐ што може да си замислиме, може и да го креираме.
Снимањето и монтирањето видеа ми е хоби, па пред да го започнам курсот имав само скромни знаења и вештини за снимање и монтирање на видео материјали, работа со неколку програми за едитирање на слики и основни познавања од графички дизајн.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Координаторот на Обуката и останатите обучувачи се повеќе од расположени да одговорат на нашите прашања, да ни помогнат во било што, се развиваат одлични дискусии и слушаме одлични искуства за работата во оваа област.
Најголем впечаток досега ми остави тоа што не постои шаблон за работа, туку секој кадар на кој работиме е посебен предизвик.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
Бидејќи FX3X е една од ретките компании кај нас во оваа област од филмската индустрија, првенствено би сакала тоа да продолжам да го правам таму како дел од нивниот тим.
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
Дополнително, доколку сакаат да се стекнат со стручни вештини во областа, да ја контактираат компанијата FX3X и академиите со кои соработуваат (VFX Nest Academy за визуелни ефекти и ЊуМенс Бизнис Акцелератор за 3D моделирање и анимација) каде би можеле да посетат обука слична на оваа.
ТИАНА МИТОВСКА, 21 години, Скопје – Учесник на Обуката за 3D Моделирање и Анимација
Студент на ФИНКИ (Е-технологии), Скопје

Тиана Митовска, со свое дело изработено со вештини стекнати за време на Обуката за 3D моделирање и анимација
Коментар за Тиана од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Тиана да учи нови работи и да биде дел од компанија како Fx3x што може да ѝ понуди континуиран професионален развој.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
Веќе бев запознаена со работата на компанијата fx3x и знаев дека се лидери во оваа индустрија. Веројатно тоа ми беше и најголемата мотивација – можноста да учам од најдобрите.
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Имав основно предзнаење од кратки претходни настани и работилници за 3д моделирање и анимација, но сакав вистински да се усовршам во оваа област.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Сѐ ми беше подеднакво интересно, но доколку би морала да одвојам еден дел тоа би било моделирањето.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
РАДЕ РАДЕВСКИ, 21 години, Скопје – Учесник на Обуката за 3D Моделирање и Анимација
Дипломец на Факултетот за Анимација, Скопје

Раде Радевски, за време на фестивалот Мурал (2019 год.) каде црташе мурал од филмот „Сталкер“ на еден од ѕидовите на влезот од Кинотека.
Коментар за Раде од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Раде е целосно подготвен да се посвети на остварување на својата желба – својата кариера да ја гради како 3D Артист за анимација и моделирање.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
Најголема мотивација да се запишам на обуката за 3Д Моделирање и Анимација ми претставуваше фактот дека вистински и продлабочено ќе ги научам техниките кои ме интересираат во 3Д Индустријата, благодарение на менторите кои имаат долги години професионално искуство.
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Имам искуство со работење на едноставни фриленс проекти, но желбата од секогаш ми била да се вработам во професионално студио како Fх3х.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Во една реченица: Обуката и Менторите се супер!

Раде Радевски на својот компјутер додека работи на 3D анимација.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
Најголема желба ми е да се вработам како аниматор или ригер (Technical Director) во некоја од светските водечки компании во 3Д индустријата. Имам желба да работам во сите медиуми. Обожавам да работам на игри и играни филмови, но најголема пасија имам кон анимираните филмови и серијали.
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
Индустријата е се поголема со секој поминат ден и луѓето кои работат во оваа област се исклучително професионални и креативни. Сметам дека во таква работна околина постои само простор за усовршување и напредување на вашите вештини. Доколку имате интерес и можност да работите како 3Д Артист, не пропуштајте!
АЛЕКСАНДАР ТОЛЕВСКИ, 30 години, Скопје – Учесник на Обуката за Визуелни ефекти за филм
Дипломиран на Факултет за економски науки, Скопје

Александар Толевски, за време на вежби во рамки на Обуката за визуелни ефекти за филм
Коментар за Александар од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Александар е целосно импресиониран од условите и атмосферата во Fx3x и од тимот на организаторите на обуките и менторите и својата кариера целосно е подготвен да ја гради како VFX Artist. Тој е личност со силни вредности како: темелност, трпеливост, смиреност и посветеност, особини кои се во суштината на професијата во која се гледа во иднина.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Предзнаење имав само во некои од областите на визуелните ефекти и тоа само од туторијали и од фактот што како хоби го користев интернетот да научам и пробам што повеке со програмите за визуелни ефекти.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Менторите се одлични професионалци во своите области. Задоволство е да се учи и да се слушаат предавања од инспиративни и успешни артисти како нив. Најголем впечаток ми остави обемот и деталите на процесите до финалниот резултат, односно колку чекори и процеси треба да се поминат и со колку многу внимание и уметнички пристап за да се добие крајниот ефект успешно.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
Доколку е тоа нешто што сакаат да го работат и го изберат како кариерен пат, да се запишат на ваков курс што побрзо, затоа што најдобриот начин да се научи е токму од професионални артисти со искуство и преку работа и пракса дадена од нив.
БОЈАН ВРТЕВ, 20 години, Скопје – Учесник на Обуката за 3D Моделирање и Анимација
2ра година на Факултет за Ликовни Уметности, Скопје (насока: Сликарство)

Бојан Вртев, со неговото матурско дело во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн – Лазар Личеноски.
Коментар за Бојан од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Со неговата автентичност и уникатен поглед на светот, Бојан е целосно спремен да ги следи своите соништа.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на обуката за 3D моделирање и анимација?
Но овој курс веднаш ми го привлече вниманието и многу се заинтересирав за него. Веројатно има врска и тоа што и претходно по малку имав истражувано за 3D анимација, а и имав слушнато и за компанијата fx3x.
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Имам минимално предзнаење за моделирање во Blender, но во програмите што се обработуваат во курсот немав никакво искуство или предзнаење.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Веќе запознав два од четирите професори што ни предаваат и веќе многу имам научено од нив и имам доверба дека ќе ме научат и уште повеќе. Дури и за време на паузите имаат многу трпение за сите мои прашања од секаков вид, што ми се допаѓа.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
Знам дека за некои од проектите кои би сакал еден ден да ги остварам ми се потребни знаењата што ги нуди курсот, но не би сакал да имам само една професија засекогаш или би сакал да најдам област која ќе ги обедини повеќето од моите интереси.
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
Посебно е корисно што овде имаш ментор за секој од различните аспекти кого можеш во кој било момент да го застанеш и да го прашаш нешто што не ти е јасно. Во другиот случај треба да оставиш коментар негде на YouTube и да се надеваш дека некој ќе го види и дека ќе има време и трпение да ти одговори, па и дека се разбира од областа и дека ќе знае ефективно тоа да го пренесе.
И уште поважно од се ова, кога си сам дома многу потешко е да запознаеш луѓе со слични интереси како тебе. Работење во 3D е секогаш тимска работа и според мене, многу важно е да имаш лични контакти во тој свет и индустрија.
ИСИДОРА ЈАНЕВА, 24 години, Штип – Учесничка на Обуката за Визуелни ефекти за филм
Дипломец на УГД Штип / Бизнис-информатика и Технички Универзитет Минхен

Исидора Јанева, во Fx3x за време на филмско снимање при Обуката за визуелни ефекти за филм.
Коментар за Исидора од Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова, вклучена во процесот на селекција на кандидатите:
Исидора смета дека токму ова е моментот во нејзиниот живот кога треба да биде храбра и да побара повеќе за себе си со цел да ги оствари своите најголеми соништа и животни цели.
1. Што Ве мотивираше да се запишете на Обуката за Визуелни ефекти за филм
Обожавам Sci-Fi филмови, особено оние чија приказна е во вселената и секогаш сум сакала да знам како тоа се создаваат овие светови па и како се снима на егзотични локации без да се напушти студиото.
2. Од каде потекнува интересот за оваа област? Дали имавте некакво предзнаење?
Фактот што за време на обуките работам на делче уметност, а притоа користам математика и доста размислување за текот на настаните во една сцена дефинитивно ми го продлабочи и дополнително интересот, од оној што го имав на почетокот.
3. Какви се впечатоците и искуствата од обуката до сега? Што Ви остави најголем впечаток?
Особено сум благодарна за посветеноста што ја имаат кон учесниците. Јас како еден од малкуте online учесници во мојата група никогаш не се осетив запоставено од страна на менторите, напротив, сите ресурси и вежби ги имам изработено со максимална поддршка од нивна страна.
Најмногу впечаток досега ми остави фактот што самата струка може да биде сконцентрирана и на само еден компјутер, што ви дава слобода со сето свое знаење да се наоѓате каде сакате и да работите – едноставно ви треба добар лаптоп.
4. Како би сакале да го продолжите кариерниот пат? Кои се Вашите очекувања по завршувањето на обуката?
Се надевам на најдоброто и отворена сум за соработка со компанијата Fx3x, па затоа ќе продолжам напорно да работам за да стекнам што повеќе знаења од периодот на обука.
5. Што би им порачале на сите кои имаат интерес да се стекнат со стручни вештини од оваа област?
Исто така, треба да имаат трпение затоа што она што се учи е комплицирано, но сепак да не се откажуваат затоа што според мене задоволството од успешно изработен проект е огромно.
