Academy for 3D Modeling and Animation + Virtual Reality and Motion Capture | NewMan's Business Accelerator
Academy

Academy for 3D Modeling and Animation + Virtual Reality and Motion Capture

Во соработка со Fx3x го најавуваме стартот на Academy for 3D Modeling and Animation + Motion Capture and Virtual Reality единствена од ваков вид во регионот со можност за работа на проект во Fx3x по завршување на истата. Кратко потсетување - Fx3x има работено на: Terminator, Avengers, James Bond, Fast and Furious, Transformers, X-Men, Mission Impossible, Spider-Man, Hunger Games, Alien, Jason Bourne, Star Wars, Star Trek, се разбира на Marvel суперхероите, на оние од DC Universe и многу други. Секоја година 3-6 филмови на кои имаат работено добиваат номинации за Оскар за визуелни ефекти и анимација.


Со Академијата почнуваме во јуни. Academy for 3D Modeling and Animation (вкупно 320 часа) ќе се реализира за период од 5 месеци од страна на врвни артисти и аниматори од оваа компанија. Часовите се организирани во 10 тематски единици и ќе се одржуваат три пати неделно од 17:30 до 20:30 часот во просториите на Fx3x со вклучена практична настава. Темите Motion Capture and Virtual Reality (вкупно 60 часа), се дополнителни и опционални. Организирани во 3 тематски единици ќе се реализираат за период од 1 месец.



Уписите се во тек!


ПРОГРАМА И ТЕМАТСКИ ЕДИНИЦИ (Вкупно 380 часа):


  FUNDAMENTALS (Вкупно 112 часа)  

Тема 1: Autodesk Maya Introduction
Тема 2: Autodesk Maya Fundamentals
Тема 3: Compositing Fundamentals (Fusion)
Тема 4: Adobe Photoshop



  ADVANCED MODELING AND ANIMATION (Вкупно 208 часа)  

Тема 5: Advanced 3D Modeling (Maya)
Тема 6: Advanced 3D Texturing (Mud Box)
Тема 7: Advanced 3D Rigging (Maya)
Тема 8: Acting for Animators
Тема 9: Advanced 3D Animation (Maya)
Тема 10: Advanced Surfacing, Lighting and Rendering (Maya)



  MOTION CAPTURE AND VIRTUAL REALITY (Вкупно 60 часа)  

Тема 11: Motion Capture (Cortex)
Тема 12: Cleanup Motion Capture (Maya)
Тема 13: Virtual Reality



Со постојаниот напредок на технологијата, 3Д моделирањето и виртуелната реалност земаат замав во се поголем број на дејности, не само во филмската. Примарната цел на вештините со кои ќе се здобиеш по посетување на оваа Академија е да го помогнат твојот личен кариерен развој. Оваа единствена комбинација на технологија и уметност ќе придонесат кон развивање на твојот сет на вештини, креативност и талент во индустрија која ќе продолжи да еволуира. Академијата е наменета за млади на возраст од 15 до 26 години. Ако си помлад или постар јави се за консултација.

ЦЕНА:
Редовна цена на Академијата за 3Д Моделирање и Анимација: 1499 евра.
За уписи до 15ти јуни 2019 промо цена: 1350 евра.

Цена за делот Motion Capture and Virtual Reality: 299 евра.
За уписи до 15ти јуни 2019 промо цена: 269 евра.


Иако препорачуваме Академијата да се посетува во целост, доколку некои од тематските единици веќе ти се совладани, можеш да си избереш ПАКЕТ ПО ТВОЈА МЕРКА:
• ТЕМИ 1 ДО 4: Вкупно 112 часа за 549 евра (за уплата до 15ти јуни следи 10% попуст)
• ТЕМИ 5 ДО 10: Вкупно 208 часа за 999 евра (за уплата до 15ти јуни следи 10% попуст)
• ТЕМИ 11 ДО 13: Вкупно 60 часа за 299 евра (за уплата до 15ти јуни следи 10% попуст)

Можност за плаќање на 10 рати.


Повеќе информации и пријавување на: 072 22 04 84, 070 36 54 36, 076 37 53 33 или akademija@newmansba.com

Њуменс Академијата во изминатите 4 години подготви и изведе обука за над 60 млади лица во областите 3D Моделирање, Анимација и Визуелни ефекти од кои голем дел се стекнаа со ВРАБОТУВАЊЕ во една од најдобрите македонски компании - Fx3x (fx3x.com) со светско реноме и искуство на Холивудски проекти. Проследете го разговорот со Директорот и Со-основач на Fx3x, Кристијан Даниловски како и нивните сениор артисти и воедно ментори во Њуменс Академијата Драган Сретеновски и Марија Конеска, за искуството што тие како компанија го имаат со нашите студенти и предусловите да се стане дел од нивниот тим. Дознаваме и од прва рака што значи да си студент на 3D програмата во Њуменс и како е потоа да се работи во Fx3x лично од Бојан, Силвија, Мице и Маги - студенти на нашата Академија, а потоа вработени артисти.