Време е за награди - Kids Academy! | NewMan's Business Accelerator

Време е за награди - Kids Academy!

News Posted on 11/02/2019 in Academy

По повод стартот на првата Aкадемија за деца за: Storytelling, Animation and Movie Making распишуваме конкурс! Ве покануваме да ни испратите творби од вашите ликови со кратка приказна за нив.

Може да ни испратите цртеж од вашиот лик, скица, слика од 2Д или 3Д моделот. Истите можат да бидат изработени рачно или во некој компјутерски програм. Приказната не треба да содржи повеќе од 100 збора. Вашите дела може да ни ги испратите до петок (15.02.2019) до 17:00 часот на angela@newmansba.com и violeta.abadzieva@newmansba.com

Апликациите ќе бидат оценувани од страна на Аида Хдеиб, Никола Кузелов и Ивона Ѓорѓиовска кои воедно се и ментори на Kids Academy, а резултатите ќе бидат објавени во понеделник (18.02).

На авторите на три најуспешни творби ќе им бидат доделени вредносни ваучери од 1.000, 2.000 и 3.000 денари за упис на Kids Academy for Storytelling, Animation and Movie Making.
Ве очекуваме со нетрпение!

Дознај повеќе за Академијата