Евгенија - Раководител на сектор за маркетинг и продажба, корисник на дедицирано биро во ЊуМенс | NewMan's Business Accelerator

Евгенија - Раководител на сектор за маркетинг и продажба, корисник на дедицирано биро во ЊуМенс

News Posted on 06/02/2019 in Co-Create Space

ЊуМенс: Кажи ни малку повеќе за тебе. Што точно работиш?
Ева: Јас сум раководител на секторот за маркетинг и продажба во Ламинати Ком, фирма специјализирана за производство на ригидни изолациони материјали и делови од тие материјали. Во моментов работам и како заменик агент за набавка на стратешки суровини и сум одговорна за коресподенција со странските купувачи и добавувачи кои во моментот се повеќе од 90%.

ЊуМенс: Опиши ни каква работна атмосфера преферираш?
Ева: Преферирам добро уредена, комфорна и пријатна работна атмосфера. Да бидам опкружена со креативни и високо мотивирани луѓе.

ЊуМенс: Зошто се одлучи за dedicated desk?
Ева: Седиштето на мојата фирма е во Прилеп но јас живеам во Скопје. Нашата организација со помош на ЕРП софтвер овозможува флексибилност на моето работно место. Флексибилноста е голем мотиватор за мене. Во овој период само јас од моите колеги работам надвор од просториите на самата фирма, па не би сакала да имам канцеларија каде би работела сама. Од тие причини но и од поволноста да немам ангажман околу одржување на самиот простор, што би ми одземало доста време, а и економичноста на оваа понуда одлучив да користам dedicated desk.

ЊуМенс: Дали coworking просторот во ЊуМенс ги исполни твоите очекувања и дали имаше нешто што посебно ти остави впечаток?
Ева: Да, очекувањата се исполнети. Пријателскиот тим на ЊуМенс е секогаш расположен да одговори на сите мои барања. Локацијата е многу поволна и има големиот број на кафулиња и ресторани во околината каде може лесно да се направи пауза или набави храна.

ЊуМенс: Каква беше комуникацијата со вработените во Акцелераторот или со другите корисници на простор?
Ева: Комуникацијата е оддлична, професионална но и пријателска во исто време што работењето го прави уште попријатно

Ако сакаш да имаш пријатна и мотивирачка работна атмосфера и да создадеш нови познанства ЊуМенс е просторот за тебе.
Повеќе информации на: 072 22 04 84 или angela@newmansba.com