Ема Темелковска, Ментор на програмата iSummer 2018 и Њуменс Академијата | NewMan's Business Accelerator

Ема Темелковска, Ментор на програмата iSummer 2018 и Њуменс Академијата

News Posted on 01/10/2017 in Academy

Запознајте ја Ема Темелковска, ментор на програмата iSummer2018 и Њуменс Академијата за: Digital Communications Specialist и Marketing and Events Specialist



ЊУМЕНС: Здраво Ема, најпрво кажи ни нешто за себе...
ЕМА: Веќе 5-та година сум Managing Director на Idea Lab, агенција за односи со јавност, маркетинг и организација на настани, која се занимава со културата во Македонија, како и втора година по ред ментор на ЊуМенс Академијата за Маркетинг, а од оваа година и на iSummer програмата која припрема млади кадри за работа по струка во Америка. Дипломирав на Факултетот за Туризам и менаџмент каде еден период работев и како демонстратор за Односи со јавност. За време на студиите забележав дека имам и друга дарба: за креирање приказни, водење кампањи... и дека сум добра во комуникација со луѓе, па оттука започна се ☺


ЊУМЕНС: Во текот на твојата кариера имаш организирано преку 100 настани и реализирано над 200 PR/Маркетинг кампањи. Можеш ли да издвоиш некои од поинтересните?
ЕМА: УЕФА Супер Куп Македонија 2017, дефинитивно! За овој проект наша задача беше да организираме 48 часовен хост за повеќе од 350.000 туристи. Практично, изработивме брошури со информации и детали пред се за спортскиот натпревар, арената, фан зоните на навивачите, како и општо, детали за Скопје и знаменитости кои можеа туристите да ги посетат, но и начини како да стигнат до таму. Истите ги дистрибуиравме до сите хотели низ Скопје, скопскиот аеродром, меѓуградската автобуска станица, компаниите за изнајмување возила, инфо центрите (туристички), ресторани и кафе барови... На плоштадот Македонија организиравме поставка со 12 часовна програма (спортска и забавна). За овој проект интересно беше што по скоро 5 години работа со Идеа Лаб, за прв пат имавме можност да организираме настан кој се одржуваше во август, а беше целосно подготвен и одобрен од УЕФА уште првата недела од месец јули. Практично затоа, ниту на натпреварот, ниту тие два дена низ Скопје, не се случи никаков инцидент, ниту пак имаше некаква реакција од посетители дека нешто недостасувало. Сега би сакале да работиме само за УЕФА:))


ЊУМЕНС: Беше дел и на македонската делегација на Евровизија 2010 во Осло Норвешка, како и 2013 во Малме Шведска?
ЕМА: Евровизијата во Осло за мене беше ново големо искуство. Видов како треба да изгледа организирање на еден таков голем настан. Оттаму тргна целава работа.
Работев за македонската делегација, т.е. претставниците на Евровизија. Скоро 20 дена и во двете земји поминав со делегациите, каде што имав можност да видам како изгледа настан на кој само во организација учествуваат над 1000 експерти и за секој сегмент од фестивалот има тим кој е достапен 24/7. За да се поминат салите од еден до друг крај и во двата случаи ти требаат 15 минути и при тоа има контроли на секои 5 метри. 
Бидејќи сум љубопитна по природа :) и во Осло и во Малме се пикнав порано во салите каде се подготвуваа гала вечерите со црвен тепих, од каде 10 дена пред фестивалот од МТВ се уклучуваат во живо и ги претставуваат сите учесници. Всушност тоа е настанот со кој се отвора Фестивалот. На истиот присуствуваат и претседателите на државите, високи функцинери, амбасадори од сите земји, влијателни луѓе од земјата, познати фаци како и бизнис фела. Станува збор за ултра ВИП настан! Имав можноста да гледам како и двете евровизии се спремаат и ако научив нешто од таму и од тие две искуства, тоа е дека еден Event Specialist задолжително мора да внимава ама буквално на секоја ситница и наместо две да има 1000 очи. Ден денес пред секоја настан што го организирам ја спроведувам истата контрола која забележав дека ја спроведуваат таму. На моменти клиенти, а и моите колеги и соработници мислам дека ме гледаат со очи: - Леле ама е уфилмана, ... :) но ете, по неколку години ги забележувам моите вработени како го прават истото. Пример, од влезот на една сала, во која организиравме настан неодамна, забележав дека има залепени и изгазени мастики, а на тоа место требаше да ставиме тепих и од тепихот лево и десно ќе се гледаа. Викнав сервис да ги иструга :) е за такви детали зборуваме, кои досега не сум забележала многу експерти или агенции дека го приметуваат и дека им пречи. 
Евровизија ме научи да гледам микродетали, како и да водам грижа за безбедноста на настаните. И многу сум среќна за тоа сѐ додека имам тим кој ќе гледа на тој начин.


ЊУМЕНС: Можеш ли за нашите млади луѓе да наброиш уште неколку настани на кои си била вклучена и со кои клиенти соработуваш денес?
ЕМА: Еве, на пример Вевчанскиот карневал 2014 година беше целосно во наша организација и таа година имаше рекордна посетеност. Вевчани не памети така добро организиран, но пред се испромовиран настан. Се појавивме во 8 интернационални медиуми, како BBC, CNN, ChinaDaily, како и на неколку балкански медиуми. Со мојата агенција Идеалаб организатори сме на многу конференции, конгерси, симпозиуми, фестивали... Денес соработуваме со Сити Мол, Матица Македонска, Виталиа, Спорт Вижн, Микросам, УН, Скопски Саем, Синерџи Фитнес и Спа, детска градинка Пиколини, СЦ Борис Трајковски...


ЊУМЕНС: Каква била Ема како дете?
ЕМА: Многу љубопитна и со темпераментен дух ☺ поради што морав сѐ да пробам за што ќе ми се пружеше шанса. Во училиште ме интересираше сѐ, бев дел од сите можни секции и проекти. Сакав да играм фудбал на флипери, продавав гумени бонбони во продавницата на мојата другарка, свирев пијано, помагав во старечки дом, чував по неколку домашни миленичиња одеднаш ☺


ЊУМЕНС: За крај, што би им препорачала на студентите кои ќе се запишат на програмата iSummer2018 и академиите на ЊуМенс?
ЕМА: Вистинската инвестиција во образованието, личните вештини и компетенции, како и во стекнување на нови техники, најдобро ќе ја препознаете на адреса на NewMan's Академијата. Таму ќе се запознаете со единствениот светски модул на платено образование во Македонија, а со загарантирана работа по струка во Америка, која на многу сонувачи ќе им го промени животот. Подготвени за ваков предизвик!?


Повеќе инфо за програмата "Работа по струка во Америка" прочитај на: www.newmansba.com/isummer2018