Запознајте го Никола! Ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, за делот: Креирање и раскажување на приказна и пишување на сценарио | NewMan's Business Accelerator

Запознајте го Никола! Ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, за делот: Креирање и раскажување на приказна и пишување на сценарио

News Posted on 01/02/2019 in Academy

ЊуМенс:Здраво Никола, најпрво кажи ни нешто за себе.
Никола: Мојата професија е актер и со актерство се занимавам долго време. Во сценаристичките води запливав пред 5 години, откако дипломирав актерска игра на Факултетот за Драмски уметности во Скопје и потоа продолжив на мастер студии по Сценарио и драматургија. Во моментов се бавам повеќе со филм, како сценарист и актер, но не сум се откажал ниту од театарот. Зад мене имам повеќе театарски претстави и перформанси, неколку кратки и два играни филма.

ЊуМенс: На што работи Никола во моментов?
Никола: Освен мојот ангажман во ЊуМенс како ментор на Kids Academy for storytelling, animation and movie making, актерски сум ангажиран во театарски перформанс „Јас сум човек - актер’’ и работам на една мала улога за новиот македонски филм „Лена и Владимир’’. Работам и на новото сценарио за долгометражен филм, комедија на балкански апсурд кој може да се разбере во цел свет. Ако се биде во ред планираме да го реализираме до 2020 година.

ЊуМенс: Опиши ни го малку повеќе твоето искуство во светот на сценариото, што би издвоил од успесите?
Никола: Веројатно тоа е продуцирањето на моето сценарио за играниот филм „Јавачи на коњи’’ и она што го постигнавме со него. Филмот учествуваше на повеќе од 20 фестивали низ Европа и светот и доби Гран при на FAM Film Festival во Северна Каролина. Исто така, би спомнал и дека моето сценарио за кратка фикција "WE ARE ALL PARROTS, EXCEPT THOSE WHO ARE NOT or A LIGHT THAT NEVER GOES OUT" заврши во полуфиналистите на Hollywood Casting and Film (HCF) Screenplay Competition во Лос Анџелес, САД. Ова се работите кои за мене се од најголемо значење на професионален план.

ЊуМенс: Ти си ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, во делот: Креирање и раскажување на приказна и пишување на сценарио. Можеш ли да ни ја доловиш содржината на твојата тема.
Никола: Мојата тема и програма се бават со раскажување на приказна, основи на драматургија и пишување на сценарио. Начинот на работа е адаптиран и прилагоден за децата, така што преку креативни игри и вежби ќе можат да ја развијат својата имагинација, што сметам дека е од особена важност, а притоа ќе научат и како структурно точно да состават една приказна. Сметам дека кога станува збор за деца кои сè уште се развиваат како индивидуи и се во многу важен процес на едукација, од особена важност е да се занимаваат со уметност и креатива за да им се отворат видиците и начинот на перцепција на нештата.

ЊуМенс: Кажи ни кој е твојот најомилен анимиран филм?
Никола: Тешко прашање :) Не можам да издвојам само еден, па затоа ќе одговорам дека тоа се сите филмови на Hayao Miyazaki, потоа Waking life на Richard Linklater, 9.99 $ на Tatia Rosenthal и Les triplettes de Belleville на Sylvain Chomet. Ги препорачувам овие филмови на секоја кој ужива во анимација и сака да проследи квалитетна и длабока приказна.

Дознај повеќе за Академијата