Запознајте ја Аида! Ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, за делот: Креирање на карактери за цртани филмови или компјутерски игри | NewMan's Business Accelerator

Запознајте ја Аида! Ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, за делот: Креирање на карактери за цртани филмови или компјутерски игри

News Posted on 01/02/2019 in Academy

ЊуМенс: Здраво Аида, најпрво кажи ни нешто за себе.
Аида: Здраво, јас сум Аида Хдеиб и имам 25 години. Дипломирав на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изминативе 7 години моето време е исполнето со изработување на портрети и уметнички слики, работа на разновидни интересни проекти, организирање на креативни работилници за деца каде дечињата можат да ги научат основните принципи на цртање, техники и вежби кои ја подобруваат креативноста.

ЊуМенс: Што би издвоила Аида од своите досегашни работни ангажмани?
Аида: Јас уживам во се она што го работам, но ако морам да издвојам нешто тоа би била мојата соработка со СОС Детското село. Мојата работа беше како арт терапевт да им помагам на мигрантите во транзитната зона на Табановце. Неколку часа во денот посветени на уметноста, техники и вежеби за цртање, кои освен што релаксираа, резултираа со создавање на прекрасни уметнички дела, како слики, графики, скулптури. Задоволство е кога ќе забележиш дека на крајот на денот луѓето се чувствуваат подобро и поисполнето.

ЊуМенс: Опиши ни го малку повеќе твоето искуство во работењето со деца.
Аида: Работата со деца отсекогаш ме исполнувала и секогаш наоѓам време за работилници каде учесници се децата. Почетоците ми беа во Проектарти каде соработував со прекрасната Јулијана Гешовска, каде заедно предававме основи на цртање. Потоа почнаа работилниците во Public Room каде работев со различни возрасни групи, потоа Детското село. Посебно би ги издвоила Новогодишните работилници на кои се изработија прекрасни честитки, магнети и украси. Во моментов работам на еден проект поврзан со уметноста, но за него ќе можам повеќе да кажам во средината на оваа година :)

ЊуМенс: Ти си ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, во делот: Креирање на карактери за цртани филмови или компјутерски игри. Можеш ли да ни ја доловиш содржината на твојата тема.
Аида: Мојата тема и задача ќе биде децата да научат да креираат ликови, да изработат скици, односно, да поставиме една основа од која потоа ќе се изработат 2Д и 3Д модели. За тоа време ќе експериментираме со емоциите на ликовите , ќе им дадеме живот и средина во која што ќе се наоѓаат. Темата е интересна и може да се научи како тоа што ни е во мислите да го создадеме пред нас, како да направиме да изгледа така како што сме го замислиле, да работиме со материјалот што го имаме, да се ориентирааме во просторот во којшто работиме и да развиваме мултитаскинг. Но, најважно од се е да ја разбудиме креативноста и да ја поттикнеме фантазијата во детските глави!

ЊуМенс: Кој е твојот најомилен лик од детските анимирани филмови?
Аида: Има многу кои ми се меѓу омилените, како, Spirited Away, Ponyo, Big Hero... Но, секогаш ми бил и ќе ми биде Coraline! Приказната е иновативна, интересна и поучна, ликот е прекрасно смислен и целата атмосфера во филмот секогаш ме носи во друга димензија. Топло го препорачувам на сите што го немаат гледано.

Дознај повеќе за Академијата