Запознајте ја Ивона! Ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, за деловите: Stop motion техника за снимање на краток филм и основи на 2D и 3D анимација и моделирање | NewMan's Business Accelerator

Запознајте ја Ивона! Ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, за деловите: Stop motion техника за снимање на краток филм и основи на 2D и 3D анимација и моделирање

News Posted on 05/02/2019 in Academy

ЊуМенс: Здраво Ивона, кажи ни нешто за себе.
Ивона: Здраво, јас сум Ивона и сум последна година на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН. Пред 4 години ја посетував Академијата за 3Д моделирање, анимација и визуелни ефекти на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, и потоа следеше ангажман во една од најдобрите македонски компании со светско реноме и искуство на Холивудски проекти, ФХ3Х. Во ФХ3Х работев на неколку проекти, меѓу кои и 2 анимирани серии: Splash and Bubbles и Word Party, за компанијата Jim Henson. Покрај мојот ангажман како ментор во ЊуМенс, во моментов сум и 2Д аниматор во ОХО Продукција.

ЊуМенс: За себе велиш дека можеш со задоволство да кажеш дека ја работиш работата од соништата?
Ивона: Да, сите работни ангажмани што досега сум ги имала ми се работа од соништата! :) Дел сум од екипата што го отвори првиот Театар на сенки во Македонија. Веќе 6 години работам и со деца преку Театарот на сенки и облаци, каде повеќето претстави што ги ораганизираме се наменети токму за децата. Одржуваме и работилници за изработка на кукли. Организатори сме на детскиот фестивал Сонот на облачето, каде најмалите веќе 6 години по ред ни ја исполнуваат салата во МКЦ.

ЊуМенс: Ти си ментор на Newman’s Kids Academy for storytelling, animation and movie making, во делот: Stop motion техника за снимање на краток филм и основи на 2D и 3D анимација и моделирање. Можеш ли да ни ја доловиш содржината на твојата тема.
Ивона: На моите часови децата ќе можат да научат многу - од традиционалната, па се до модерната компјутерска анимација. Предавањата ќе бидат динамични и забавни со цел да се поттикне креативноста кај децата. На крајот на академијата децата ќе знаат да изработат стоп анимација следејќи ги изучените етапи и ќе научат да создадат кратка 2Д анимација во After Effects и 3Д модел во Autodesk Maya.

ЊуМенс: Кој е твојот најомилен лик од детските анимирани филмови?
Ивона: Јас сум голем обожавател на анимациите на LAIKA, Wes Anderson и Tim Burton, сите ликови ме инспирираат на различен начин, со нивните приказни и естетика. Но, би го издвоила ликот Винсент од истоимениот краток анимиран филм на Tim Burton, затоа што е дете, чија имагинација го носи во цел друг свет, додека сите негови врсници си играат надвор.

Дознај повеќе за Академијата