Интервју на ТВ Канал 5 | NewMan's Business Accelerator

Интервју на ТВ Канал 5

News Posted on 25/08/2017 in USA Internships

Генералниот менаџер Ирена Чаушевска и Менаџерот за корпоративни операции Стефан Савевски на 22 август 2017 година гостуваа во "Летната програма" на националната ТВ станица Канал и имаа можност со водителката Билјана Дебарлиева и со пошироката јавност да ги споделат најновите информации во врска со активностите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот со посебен осврт на:


1. Мобилен OneStop Кариерен Центар - Проектот што го реализираме во соработка со Фондацијата Голдилокс Стејт и е поддржан од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија и наменет за поттикнување на млади и жени за кариерен напредок и (само)вработување
2. Соработка со Европската и Француската Вселенска Агенција и НАСА за организација на натпревари за иновации на територија на Република Македонија, во регионот и во САД
3. Програмата iSummer2018 "Работи по струка во Америка" наменета за студенти и "тазе" дипломирани во областите: програмирање, дизајн, маркетинг, менаџменти и финансии


Повеќе информации за наведените програми може да добиете на: 076 375 333.