Јован Илов - 3Д Артист, корисник на дедицирано биро во ЊуМенс | NewMan's Business Accelerator

Јован Илов - 3Д Артист, корисник на дедицирано биро во ЊуМенс

News Posted on 27/02/2019 in Co-Create Space

ЊуМенс: Кажи ни малку повеќе за тебе. Што точно работиш?
Јован: Работам како 3Д артист во областа на медицината. Поконкретно се занимавам со објаснување на медицински продукти, „машини“, прикажување како се изведуваат разни оперативни зафати, како одредени лекови делуваат на човечкото тело...

ЊуМенс: Опиши ни каква работна атмосфера преферираш?
Јован: Па преферирам мирна атмосфера на работа, каде што ќе можам да се сконцентрирам на работата.

ЊуМенс: Зошто се одлучи за coworking простор?
Јован: Се одличив за изнајмување на биро бидејќи ми е потребна реално работна атмосфера и како фриленсер сум многу повеќе продуктивен кога работам во канцелариски простор.

ЊуМенс: Дали coworking просторот во ЊуМенс ги исполни твоите очекувања и дали имаше нешто што посебно ти остави впечаток?
Јован: Да, просторот на ЊуМенс ги исполни, дури и ги надмина моите очекувања. Се беше прекрасно, а посебно ми остави впечаток брзиот интернет, чистотата на просторот и топлата атмосфера.

ЊуМенс: Каква беше комуникацијата со вработените во акцелераторот или со другите корисници на простор?
Јован: Комуникацијата со вработените и со другите корисници е незаборавна, бев прифатен многу убаво. Имав помош од нив во секој момент, па дури имавме и заеднички активности од тип на „јадење и кафе пиење“ паузи :D