Exponential Corporate Innovation & Intrapreneurship Boot Camp | NewMan's Business Accelerator

Exponential Corporate Innovation & Intrapreneurship Boot Camp

Event Posted on 08/11/2016 in Smart-Up Center

ЊуМенс Академијата и Смарт-ап Центарот во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact, ви нудат уникатна можност - да учествувате на BOOT CAMP за КОРПОРАТИВНИ ИНОВАЦИИ со ментори кои доаѓаат специјално за оваа програма од срцето на Силиконската долина.

BOOT CAMP-от ќе се реализира во два дела:
- ДЕЛ 1 - Наменет за стекнување знаења во делот на Експоненцијални технологии и какви предности им нудат на компаниите, како и идентификување на потенцијални области на унапредување во рамки на компаниите (групни и индивидуални сесии):
Компании: 15, 16 ноември
Студенти: 16, 17 ноември
- ДЕЛ 2 - Наменет за работа на конкретни иновативни решенија (групни и индивидуални сесии):
Компании: 7 декември
Студенти: 7, 8, 9 декември

Ментори:
- Darlene Damm, Директор на факултетот Singularity University за Најголемите Глобални Предизвици и Основач на DIYROCKETS, Inc (Mountain View, California). Дарлин е посветена да им помогне на компаниите и универзитетите да разберат како со примена на експоненцијалните технологии можат да ги решат најголемите предизвици на светот а воедно и да бидат што поконкурентни, како и кои вештини им се потребни во свет на забрзани промени, роботика, вештачка интелигенција и виртуелна реалност.
- Rana Chakrabarti, Experience Designer / Дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP (Palo Alto, California). Рана ужива да дизајнира корснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој Рана ги води компаниите при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.

Можете да се пријавите за учество на еден од двата начини:
1. Како компанија која сака подобро да се позиционира или да настапи на регионалните и светските пазари и е спремна да соработува со надворешен млад тим на студенти и freelancer-и кои ќе работат на потенцијални иновативни решенија, или
2. Како студент или freelancer-и кои ќе имаат можност да научат што значи intrapreneurship и како можат да иновираат за потребите на компаниите.

Заради заложбите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот да креира успешен деловен екосистем во Македонија и пласман на иновативни македонски производи и услуги на светските пазари учеството на Boot Camp-от е овозможено по бенефицирана цена и тоа:
- Компании: 2400 ден. за 1 лице / 3600 ден. за 2 лица / 4400 ден. за 3 лица
- Студенти и средношколци: 300 ден. за 1 лице
- Freelancer: 500 ден. за 1 лице

Пријавувањето е на линкот: http://bit.ly/intrepreneurshipbootcamp додека има места или најдоцна до 10 ноември 2016 година. Местата се строго ограничени затоа побрзајте.
Напомени:
- Учеството на вториот дел е возможно само ако сте учествувале на првиот дел и не се доплаќа дополнително.
- Само во првиот дел може да учествувате и независно од вашиот статус доколку сте заинтересирани само да научите за експоненцијални технологии и корпоративни иновации без да се вклучувате во практичната изведба на проекти за конкретни компании во вториот дел.

За повеќе информации пишете ни на: contact@newmansba.com или јавете се на 070 365436.