Computer Forensics | NewMan's Business Accelerator

Компјутерска форензика со Ева Танаскоска

Promo Duration
20/05/2016 to 27/06/2016

Курсот "Компјутерска форензика" oпфаќа техники и методи за вршење на компјутерска форензика на компромитиран компјутер, заедно со форензичка анализа на софтвер и механика.

Целта на курсот е да научите како да ги лоцирате и анализирате форензичките артефакти пронајдени на компромитирани машини и да спроведете успешна форензичка истрага. Исто така ќе ги научите внатрешните процеси на форензичкиот софтвер кој се користи во процесот на судските истраги.

На крајот на курсот од студентите се очекува да бидат во можност да извршат целосна форензичка истрага на секој дел од компјутерскиот систем, како и да бидат во можност да ги бранат своите тврдења и наодите пред Судот преку користење на нивното знаење за работата на системот и користењето на форензички техники.

Предавањата се фокусирани на практична работа, како и проучување на работата на системите, преку вршење на форензичка истрага на виртуелни машини.

Предавањата ќе се одвиваат секој понеделник и петок 17:00 - 20:00 часот, почнувајќи од 20.05.2016, до 27.06.2016. Цената на курсот изнесува 185 евра.

Subject Mentor

Eva Tanaskoska

Eva Tanaskoska

Information Security Researcher at Zero Science Lab