Layout Design and Typography | NewMan's Business Accelerator

Layout дизајн и Типографија со Гоце Велески

Promo Duration

Целта на овој курс е да им се обезбеди соодветна основа на учесниците за клучните принципи и практики на уметноста на типографијата и layout дизајнот.

Курсот опфаќа модули на терминологија на типографија и креирање букви, бирање на typefaces, типографски системи и сл. Истовремено ќе научите како совршено дa користите простор, фонтови, уредување на слики, да направите содржина која е во интеракција со позадината, да создадете уметничко дело и многу повеќе. Преку практични задачи внимателно ќе ги анализирате селектираните примери на layout дизајни кои се сметаат за класика во графичкиот дизајн.

Во текот на курсот ќе се соочите со напредни проекти кои ќе ве натераат да ги напрегнете вашите дизајнерски вештини до максимум, со цел целосно да ги доразвиете и да можете да се соочите со секој дизајнерски предизвик кој ќе ви биде поставен. Совршениот layout дизајн може да ја направи вашата работа како дизајнер препознатлива насекаде.

Овој курс е соодветен за секого кој е заинтересиран да научи нешто повеќе за уметноста на типографијата и layout дизајнот, од студенти до професионалци, писатели и дизајнери.

Предавањата ќе се одвиваат секој понеделник 17:00 - 20:00 часот, почнувајќи од 30.05.2016. Цената на курсот изнесува 185 евра.