Mobile Software Development – Android | NewMan's Business Accelerator

Развој на мобилни софтвери – iOS/ Android со Никола Соколов

Promo Duration
11/04/2016 to 15/06/2016

Дали сакате да креирате апликации за најпопуларните оперативни системи во светот?

Дали сакате да имате можност Вашата апликација да биде употребена од страна на две милијарди уреди низ светот? Ако одговорот на овие прашања е ДА, тогаш ги очекуваме Вашите пријави за курсот Развој на апликации за Android i iOS оперативни системи, со менторот Никола Соколов.

Сите сме свесни за фактот дека апликациите се интересни, забавни и популарни, а уште поинтересен е фактот дека iOS и Android контролираат дури 99% од целокупниот пазар. На овој курс Вие ќе научите како да креирате апликации на двете платформи, како и ќе ги изучите концептите на Android i iOS.

Во однос на платформата Аndroid ќе ги добиете следниве вештини и знаење: употреба на Android Studio, Java, beckend, XML и Cloud Storage.
Во однос на платформата iOS ќе ги добиете следниве вештини и знаење: употреба, инсталација и навигација на Xcode7 и Swift2 и ТableView.