STEM НАТПРЕВАР ВО ЗНАЕЊЕ И КРЕАТИВНОСТ
Генералниот менаџер на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, Ирена Чаушевска Даниловска, во 2013 година го иницираше одржувањето на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge и во нашата земја. ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, заедно со Фондацијата Голдилокс и во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, веќе 10 години е организатор на овој престижен натпревар во главниот град Скопје, а на кој учествуаат средношколци, студенти и млади професионалци од сите градови. Натпреварот се одржува еднаш годишно на почетокот на месец октомври, а претставници од победничкиот тим добиваат можност да отпатуваат во посета на NASA Kennedy Space центаро, во Флорида, САД, да се запознаат со експерти од NASA и технолошката индустрија, како и во живо да присуствуваат на лансирање на ракета во Вселената.
ЊуМенс Бизнис Акцелераторот овозможува советување за млади претприемачи и новоосновани стартап бизниси од земјата, регионот и од САД.
Советувањето може да биде во следниве области:
ЊуМенс Бизнис Акцелераторот досега има одржано бројни групни и индивидуални советувања за над 400 претприемачи и стартапи. Првата сесија за домашните стартапи секогаш е бесплатна.
Основна цел на EuroCC проектот е воспоставување на Национален центар за компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на свесноста и примената на овие технологии во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација.
ЊуМенс Бизнис Акцелераторот е партнер за воспоставување на Националниот центар за компетентност за HPC (High Performance Computing) заедно со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Infinite Solutions.
Во рамки на проектот креирани се и курсеви за самостојно учење. Прочитај повеќе на https://www.hpc.mk
ЊуМенс Бизнис Акцелераторот досега организираше 10 циклуси на оквалификација и доквалификација на кадар за вработување во областа на 3D моделирање и визуелни ефекти.
Дел од овие обуки се организираа комерцијално, а дел со поддршка на Америчката агенција за меѓународен развој УСАИД, како и на домашни компании од индустријата со интерес за вработување на млади таленти.
Обуките се реализирани во партнерство со Школата за визуелни ефекти VFXNest на компанијата FX3X CINESITE која е лидер во областа во поширокиот регион, а чии вработени со огромно портфолио на работа на Холивудски проекти се ангажирани како едукатори и ментори.
Биди меѓу првите што ќе дознаат за нашите најнови активности, проекти и отворени можности.
We use cookies to analyze website traffic and optimize your website experience. By accepting our use of cookies, your data will be aggregated with all other user data.